Џон Кери ја откажа посетата на Филипините поради бура

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери ја откажа планираната посета на Филипините поради тропската бура „Нари“.

Според синоптичарите, бурата може утре изутрина да ги погоди северните делови на Филипините како тајфун, носејќи силни ветрови и дождови.

Кери требаше се сретне утре и во сабота со филипински претставници во Манила, последната држава од неговата турнеја низ Југоисточна Азија, во чии рамки ги посети и Индонезија, Брунеј и Малезија.

Во поголем дел од турнејата државниот секретар го заменуваше претседателот Барак Обама, кој беше принудени да се откаже од патувањето поради буџетската криза во САД.

 

 

Би можело да ве интересира

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“