Американските научници соопштија дека во следните 20 години астероид со исклучително голем дијаметар од околу 350 метри ќе мине крај Земјата, јави агенцијата Анадолија.
По опсежни истражувања, научниците дошле до сознание дека астероидот сега се наоѓа на оддалеченост од 14,5 милиони километри од земјата, додека на 13 април 2036 година ќе мине крај нашата планета.
Според изјавите на американските научници, џиновскиот астероид нема да претставува никаква опасност за самата планета Земја.
Астрономите пред девет години прв пат го открија џиновскиот астерод, што според грчката митологија го нарекоа „Апофис“.
Научниците досега тврдеа дека можноста Апофис да ја погоди Земјата се околу 2,7 отсто, додека со секој изминат ден оваа можност дополнително се намалува.