Џејмс Холмс не е свесен дека се наоѓа во затвор

Од:

„Плука на чуварите и врз секој што се појавува на вратата. Тој е убеден дека е во филмот“ – рече затворскиот службеник.

И додека лудиот Џокер, кој уби дванаесет и повредени шеесет лица на премиерата на филмот за Бетмен во предградието на Денвер, „живее во својот свет”, другите затвореници од затворот чекаат погодна прилика да го убијат.

Само два часа откако го затвориле во ќелијата, останатите веќе знаеле зошто е во затвор и знаеле дека помеѓу настраданите има и деца.
Цела ноќ му викале „убиец на деца“.

„Уште од моментот кога тој пристигна во затвор, зборуват само за тоа како да го убијат. Ако вниманието на стражарите само за момент попушти, тој ќе биде убиен“, изјави Вејн Медли, кој само што излезе од затвор.

Чуварите очекувале таква реакција, па го вовеле во затворот прекриен со ќебе, но сепак затворениците успеале да ја видат црвената долна облека и оклопот.

Некои извори тврдат дека убиецот Холмс е толку зависен од филмовите за Бетмен што дури и се дрогирал со Викодин, слично на Хит Леџер, во чија крв беше пронајдена оваа материја. Во медиумите се појави видео од 2006 година на кое тогаш 18-годишниот Холмс држи говор пред американскиот камп за наука.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски