Директорот на пакистанската агенција за борба против корупцијата одби денеска да го изврши налогот на Врховниот суд на земјата и да го уапси премиерот Раџа Первез Ашраф, кој е обвинет за корупција со образложение дека нема доволно докази.
Директорот на Националната антикорупциска канцеларија Фасих Бохари изјави дека Врховниот суд нема доволно докази за апсење на премиерот Ашраф.
Судот во вторникот му наложи на Бохари да го уапси Ашраф и уште 15 лица обвинети за корупција во случајот со приватни електрани изградени со цел да се обезбеди струја во Пакистан, кој се соочува со дефицит на електрична енергија.
Судот денеска побара од Бохари да им ги врати документите на судиите со цел да се утврди дали има инкриминирачки докази.