Директорот на ФБИ: Кина претставува поголема закана од Русија

Од:

Кина почна кампања без преседан за да влијае на јавното мислење во САД пред претстојните избори за Конгресот, и ова е најголемата и долготрајна закана за американската безбедност, изјавија денеска шефовите на  американските контраразузнавачки агенции.

Членови на сенатската Комисија за внатрешна безбедност упатија прашања на министерот за внатрешна безбедност Кирстен Нилсен и директорот на ФБИ Кристофер Реј по повод изјавата на претседателот Доналд Трамп дека Кина се меша во американските избори.

На прашањето дали Пекинг е поголема закана од Москва, Нилсен одговори дека пред изборите во САД стојат две закани од странство: хакерство или саботажа на изборната инфраструктура (избирачки списоци или машини за гласање) и влијание врз кампањите.

– Сигурно Кина прави невиден напор да влијае на Американците, рече Нилсен.

Тој додаде дека досега нема докази за кинески обиди „да се компромитира изборната инфраструктура”.

Директорот на ФБИ, Реј одговори на прашањето дали Кина е поголема закана од Русија, чие мешање во американската изборна кампања во 2016 година е предмет на внимателна истрага.

– На многу начини, Кина претставува најголема, најкомплексна и најдолгорочна контраразузнавачка закана со која се соочуваме. На многу начини, Русија се бори да остане значајна по распадот на Советскиот Сојуз. Таа ја води денешната битка, а Кина ја води утрешната битка, заклучи шефот на ФБИ.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот