Дипломатскиот скандал меѓу Турција и Холандија се пренесе во интернет просторот

Од:

Дипломатскиот скандал меѓу Турција и Холандија денеска се пренесе и во интернет просторот, откако мноштво налози на Твитер на водечки организации ширум светот беа погодени од кибер-напади.

На страниците на организациите, меѓу кои и Европскиот парламент, „Амнести интернешнал“ и „Форбс“ се појавија антинацистички пораки на турски јазик.

При нападите, што личат на форми на политички вандализам, беа користени хаштаговите #Nazialmanya (нацистичка Германија) и #Nazihollanda (нацистичка Холандија).

Со кибер-нападите, со голема веројатност извршени од страна на поддржувачите на политиката на турската Влада, биле погодени и налозите на Твитер на претставништвата на УНИЦЕФ и на „Би-Би-Си“ во САД, претставништвото на „Ројтерс“ во Јапонија, на германскиот весник „Билд“, како и на Светската метеоролошка организација, јави ТАСС, повикувајќи се на телевизија „Си-Ен-Би-Си“.

Исто така, бил нападнат и налогот на Твитер на канадскиот пејач Џастин Бибер, посочува телевизијата.

Американските медиуми забележуваат дека нападите врз налозите на Твитер веројатно немаат никаква врска со скандалот меѓу Турција и Холандија.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени