Дипломатски извори: Пратеникот на ОН за Сирија сака да поднесе оставка

Од:

Пратеникот на Обединетите нации и Арапската лига за Сирија, Лахдар Брахими, сака да поднесе оставка изјавија дипломатски претставници на светската организација.

Според нив оставката на Брахими се должи на неговиот став дека Арапската лига подржувајќи ја опозицијата на Сирија оди по погрешен пат, поради што неговата функција посредник во политичкат атранзиција во Сирија е речиси невозможна.

Неименуваните извори истакнаа дека на Брахими му е доста од поделбите во Советот за безбедност на ОН, кои според него всушност го попречија дејствувањето во Сирија.

Брахими во понеделник имаше средба со државниот секретар на САД Џон Кери, по што портпаролот на Стејт департментот рече дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува неговата работа.

Тој на оваа функција е од минатото лето, кога го замени поранешниот генерален секретар Кофи Анан.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија