Дипломатска бомба пред самитот во Будимпешта: Хаг бара апсење на Путин

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин мора да биде уапсен ако патува на планираниот самит со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, соопшти Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг.

Според судот, државите членки на Римскиот статут, вклучувајќи ја и Унгарија, се обврзани да ги извршуваат налозите за апсење издадени од МКС, без оглед на политичките околности или несогласувањето со одлуката, објави холандскиот весник „Лајдш Дагблад“.

Унгарија објави планови да ги угости Путин и Трамп во наредните недели, и иако официјално го започна процесот на повлекување од МКС, според сегашните правила е обврзана да ги почитува одлуките на судот до средината на следната година, објави холандскиот весник. Судот не го спомена директно Путин во соопштението, но потврди дека сите земји-членки имаат „законска обврска“ да соработуваат, без оглед на тоа дали се согласуваат со одлуката.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно беше домаќин на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за кого МКС исто така издаде налог за апсење.

Путин значително ги намали своите странски посети откако беше издадена меѓународната налог за апсење за наводни воени злосторства во Украина, објави весникот „Лајден“. Тој ги пропушти самитите на БРИКС во Јужна Африка и Бразил, земји кои ја признаваат јурисдикцијата на МКС.

Би можело да ве интересира

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Трамп итно му се јавил на Путин

Путин му порача на новиот ирански лидер: Вашата земја се соочува со вооружена агресија

(ВИДЕО) Путин се гуши, кашла, губи здив: Објавено е видео од рускиот претседател кое јавноста не требаше да го види

Лавров: Време е да се спроведе идејата на Путин за самит на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН