Дипломатија на киевски начин

Од:

Гласот на Русија – Москва

Киев ја отфрли новата рунда преговори за регулирање на конфликтот во источна Украина. Украинските власти не само што не реагираа на планот на повлекување на тешкото вооружување, кој го предложи претседателот на Русија, туку и наредија голема офанзива.

Во Донбас повторно гинат цивили, но западните координатори на Киев повеќе сакаат тоа да го игнорираат. МНР на Русија, како и властите на самопрогласените Доњецка и Луганска република, ја повикуваат меѓународната заедница да влијаат на украинските власти, за тие да ги прекинат воените дејствија.

Претседателот на Русија Владимир Путин уште на 15 јануари на украинскиот лидер Порошенко упати план за повлекување на тешката артилерија за двете страни на украинскиот конфликт. Следниот ден, во Минск беше планиран состанок на контакт групата за регулирање на кризата. Меѓутоа, тој беше отфрлен. И одговорноста за тоа, во целост ја сноси Киев, изјави претставникот на Доњецката народна република ДНР, Денис Пушилин.

Состанокот го отфрли украинската страна. Ние допатувавме, направивме се за да продолжи преговарачкиот процес. До последно бевме на врска со ОБСЕ и немаше никакво официјално откажување на состанокот.

Киев не само што одби да го разгледа планот кој го предложи Владимир Путин, туку почна и голема офанзива на позициите на востаниците во Донбас. Гранати и мини експлодираа во центарот на Доњецк, повторно загинаа цивили.

Се водеа жестоки борби за аеродромот во Доњецк. Војската изврши неколку тенковски напади кои ги одбија востаниците. Во Гориловк граната погоди автобуска станица во центарот на градот, две лица загинаа, на десетици се ранети.

Покрај тоа, украинските бомбардери СУ-24 фрлаа авионски бомби од 500 кг. Како што забележа шефот на ДНР Александар Захарченко, сосема е јасно дека Киев го искористи примирјето да ја прегрупира својата војска и да го зголеми тешкото вооружување. Секретарот за печат на рускиот претседател, коментирајќи ја состојбата, истанка дека Москва е крајно загрижена од ваквиот развој на настаните. Според Дмитриј Песков, сведоци сме на апсолутна деградација на состојбата во југоистична Украина. Притоа и понатаму зачудува ставот на западните покровители на Киев, тие или го игнорираат убивањето на цивилното население во Донбас, или за тоа ја обвинуваат Москва. Иако и меѓу нив во последно време нема единство, истакнува постојаниот претставник на Русија во ОБСЕ, Андреј Келин.

Европа сега не е сосема единствена во тој поглед. Постои став на аглосаксонците, како што ги нарекувавме порано – тоа се САД, Канада и Велика Британија; тие фалат се што ќе направи Киев. Но не сите, морам да кажам: слушнав гласови од други амбасадори, членови на ЕУ, кои зборуваа за итна неопходност да се воспостават политички контакти и преговарачки процеси. Овие гласови се слушаат од многу претставници од земјите на ЕУ, меѓу кои слушнав и глас од Франција.

Како што се откри, со масовната офанзива на Донбас, започнаа неочекувани пресврти во развојот на состојбата во Украина. Во ноќта меѓу неделата и понеделникот Киев сам се сврте кон Москва, со предлог да се потпише график за спроведување на киевски договор во пракса и да се обезбеди прекинот на огнот веќе од 19 јануари. Оваа лукава постапка на украинските власти ја објасни претседателот на комитетот на горниот дом на рускиот парламент за меѓународни работи Константин Косачов. Според неговиот став, Киев прави се за да ја претстави Русија како страна во конфликтот.

Постоење на грозен надворешен непријател дава шанса сите внатрешни пропусти да се припишат на потребата на спротивставување на т.н. агресор и да се избегнат прашањата по повод примената на сила против цивилното население. Покрај тоа, верува Косачов, глумејќи жртва, на Украина и е полесно да добие поддршка од јастребите од Европа и Америка. 

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски