Дипломат на Ватикан на судење за сексуално насилство врз деца

Од:

Поранешниот амбасадор на Ватикан во Доминиканската Република, Јозеф Вешоловски, идниот месец ќе биде изведен на судење, обвинет за сексуално насилство врз деца и за детска порнографија, соопштено е денеска во Светата столица.

Обвинувањата се однесуваат за време на неговиот петгодишен престој во оваа средноамериканска земја, во времето меѓу 2008 и 2013 година. Вешоловски кој е Полјак по националност, беше повлечен од мисијата на Ватикан во Санто Доминго, по обвинувањата во тамошната јавност за заведување и сексуално насилство врз доминикански момчиња.

Во соопштението се вели дека поранешниот дипломат од септември минатата година е во куќен притвор. Поради нарушено здравје, тој не бил предаден на италијанската полиција и затоа е не е во затвор.

Апсењето и скорешното судење на Вешоловски претставува дел од новата и далеку поостра политика на папата Франциско, кон сите девијантни покави во Светиот Стол и за за казнување на свештениците и вработените во Ватикан, за сторените насилства врз децата.

Минатата година, папата го спореди однесувањето на сите оние кои извршиле вакви кривични дела, со организирање и одржување на „сатанска миса“.

Папата Франциско експресно ги прифатил и оставките на еден американски надбискуп од сојузната држава Минесоата, како и на неговиот помошник, кои беа обвииети во САД дека ги „игнорирале случаите“ на сексуално насилство врз деца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска