Научниците го реконструираа развојниот пат по кој само една единствена група диносауруси и тоа со застрашувачки, џиновски размери, сама од себе се смалила и се претвори во – денешните птици.
Изненадувачкото постојано намалување и елегантната еволуција на диносаурусите во птици во текот на 50 милиони години опишана е во научното списание „Сајенс“.
Научниците се фокусираа на семејството двоноги диносауруси – месојадци наречени тероподи.
Токму тој подвид диносауруси постојат и денес и тоа се птици, колку и да е тоа неверојатно.
Научниците веќе неколку децении сметаат дека тероподите се претци на денешните птици. Но, се до сега, до најновиот научен труд, немало целосна слика за тоа како само тие се преобразиле, а другите изумирале.