Дифло: „Франсоа Оланд претседател на никого“

Од:

Поранешната министерка за станбени прашања Сесил Дифло, инаку од редовите на Зелените, објавува книга во која остро го напаѓа францускиот претседател Франсоа Оланд, нарекувајќи го „претседател на никого“, додека премиерот Мануле Валс го обвинува дека ја зел како заложник владата и со тоа ќе исчезне  целата левица, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Во книгата под насловот „Патување во земјата на дезилузиите, од внатре“, која излегува во книжарниците денеска, неделникот „Ноувел Обсеравтор“ објави извадоци, според кои, лидерката на еколозите ја оценува како „разурнувачка манијата на шефт на државата во утврдувањето на неговите цели, кои не може да ги исполни“.

„Франсоа Оланд против долгот, е полош од Сизиф и неговиот камен. Говор на објавување без ефекти кои следат“ – вели таа, ова во моментот кога владата призна дека во 2014 нема да го има очекуваниот економски раст.

Сесил Дифло го оправдува заминувањето од владата на двата министри од редовите на Зелените поради нивната немоќ да влијаат врз одлуките на Франсоа Оланд.

„Гласав за Оланд, верува во него и бев разочарана… Се обидов да му помогнам да ги исполни своите ветувања, да го наведам да го промени животот на луѓето, да го натерам да води вистинска политика на левицата. И јас не успеав во тоа. Затоа си заминав“ – објаснува Дифло.

За пратеничката на Зелените, несакајќи да биде претседател на левицата, шефот на француската држава не успеа да ја пронајде сниту неговата социјална база, ниту своите поддржувачи.

„Сакајќи да биде претседател на сите, тој не е претседател на никого“- заклучува таа.

Сесил Дифло е на мислење дека Франсоа Оланд често носи „неочекувани и нелогични одлуки“. А како една од најголемите грешки кои ги направи тој е што не успеа да изнуди нови преговори за буџетскиот договор на европско ниво и со тоа се „подведе“ на штедењето.

Дифло, која уште кога беше во владата не штедеше на критките на Мануел Валс, тогаш министер за внатрешни работи, сега е уште поостра. Таа во него гледа „десничар, опседнат од политиката“.

„Користејќи ги аргументите и зборовите на десницата, мислејќи дека е модерно да се прегазуваат табу темите, и со тоа да се брани крајот на 35 часовната работна недела, да се обвинуваат даночните давачки, да се напаѓаат ромите, да се залага за одземање на државјанството на некои осуденици, да се удира на штрајкувачите, кажете која е разликата со десницата“ – прашува таа.

Одговорот на Мануел Валс пристигна веднаш, тој ја обвини поранешната министерка за станбени прашања дека поради станбената политика која ја водела, француската економија стагнира, односно таа не го фаворизирала градењето нови станбени простори.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано