Францускиот министер за одбрана вчера изјави дека градот Диабалу не е под контрола на француските и малиските сили, наспроти претходните тврдења дека исламистичките бунтовници се протерани од градот, јави ДПА.
Градот во централниот дел на Мали не е целосно ослободен од исламистите, изјави Жан-Ив Ле Дриан во интервју за телевизијата Франс 5.
Армијата на Мали напредува кон Диабалу, каде ќе се приклучи кон контингентот француски војници, кои веќе се таму. Во изминатите денови француската авијација изврши во рагионот интензивни бомбардирања, нагласи министерот.
Исламистите го преземаа Диабалу, кој се наоѓа на 400 километри северно од главниот град Бамако, на 14 јануари. Нејасната ситуација во градот покажува колку е тешко за францускот контингент од 2.000 пешадиски војници да ја запре офанзивата на бунтовниците.
Жан-Ив Ле Дриан истакна дека во краен случај африкансите држави треба да ја преземат од Фрнација штафетата во операцијата против исламистите.