Рози Пали (18) од Бирмингем имала само 16 години кога претрпела силен удар и добила енцефалитис, поради што не можела да се сети на своето минато. Таа сега се труди да се сети на сите битни моменти од животот и пробува да го „склопи“ своето детство, гледајќи фотографии.
Во август 2011 година тинејџерката паднала од скалите, поради што веднаш била пренесена во болница. Кога се освестила, уплашената девојка не можела да ја препознае својата мајка, ниту своите двајца браќа. Дури го заборавила и своето омилено јадење, поп бенд и фактот дека знае да јава коњи.
-Не можам да се сетам на ништо пред болеста. Ги изгубив пријателите од детството бидејќи не ги препознавам – изјавила Рози.
Таа сега е опкружена со семејството и работите кои би можеле да помогнат таа да го врати памтењето.
-Кога ги гледам фотографиите, гледам дека сум била среќна, но тоа се црни дупки во мојата глава. Животот ми е сега посветен на нови спомени – заклучила Рози.
Експертите велат дека има 4000 нови случаи од оваа ретка и нова болест кој се идентификува секоја година во Британија. Причините за ова заболување е врста на херпес вирус кој е одговорен за ладните рани и сипаници.