Девојче загина при пад на самоубиец од дестти кат

Од:

Седумгодишно девојче од Јужна Кореја загина пред зградата во која живее, откако на неа паднал самоубиец, кој скокнал од десетти кат на повеќекатница во јужниот пристанишен град Бусан.

40-годишниот маж скокнал синоќа од својот стан на десеттиот кат и при падот на земја удрил диретко во ќерката на неговиот сосед, која со таткото влегувала во зградата.

Самоубиецот, кој е идентификуван по презимето Јанг, починал на лице место, а девојчето е префрлено во болница, каде е прогласено за мртво по пристигнувањето.

Јужна Кореја има највисока стапка на самоубиства со речиси 50 случаи дневно, односно 33,5 отсто на сто илјади самоубијци меѓу земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој во 2010 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна покривот на трговски центар во Перу, меѓу загинатите и дете

(ВИДЕО) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет мртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ по денешниот инцидент: Не сум повреден, надлежните ќе откријат што се случи со автомобилот

(ВИДЕО) Се откачи тркало од автомобилот со кој патуваше Вучиќ

Горан Наумовски

Несреќа во каменолом крај Росоман: Се преврте камион, тешко повреден е возачот

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски