11-годишно девојче во Камбоџа почина од птичји грип, првиот познат случај во земјата во последните девет години, потврдија властите.
Девојчето од руралната провинција Преј Венг во средата и беше дијагностициран вирусот Х5Н1. Таа се разболела една недела претходно и имала висока температура, кашлица и болки во грлото, јавува Би-Би-Си.
Од тамошното Министерство за здравство соопштија дека и нејзиниот татко е позитивен, а тестирани се уште 11 лица.
Вчера, министерот за здравство Мам Бунхенг рече дека тоа е првата позната инфекција со Х5Н1 во Камбоџа од 2014 година.
Девојчето било префрлено од своето село во детска болница во главниот град Пном Пен, но набргу по дијагнозата починало.
Здравствените работници собраа примероци од неколку угинати птици во близина на селото и ги предупредија жителите да не допираат мртви или болни птици.