Бритни Венгер (17) од Флорида направи апликација за iPhone што може да им помогне на докторите при дијагностицирање на рак на дојка со 99% прецизност. Со ова свое откритие таа ја доби главната награда за наука на натпреварот организиран од Гугл.
Девојката ги искористила своите познавања од областа на биологијата и комјутерите, па направила програма наречена „невронски мрежи”, која го имитира човечкиот мозок.
Со оваа таа си освои и стипендија за на факултет.
„Мојата апликација може да се користи во болниците и мислам дека сите лекари би требало да ја имаат. Јас би сакала тие да земат примероци и да ги анализираат со програмата. Во моментов јас имам анализирано околу 700 примероци“ – рече девојчето.
Нејзиното открите победи 30 млади научници од целиот свет, кои се натпреваруваа за главната награда.