Деветмината киднапирани во Авганистан се главно Турци

Од:

Талибанските бунтовници синоќа киднапирале девет лица, повеќето од нив Турци, кои патувале со цивилен хеликоптер што принудно слетал во источниот дел на Авганистан.

Хеликоптерот, кој и припаѓа на турска организација, синоќа принудно се приземјил во областа Азра, во источната авганистанска провинција Логар, која се наоѓа јужно од Кабул и е под контрола на талибанците.

Засега не се познати причините поради кои хеликоптерот принудно слетал.

Меѓу киднапираните се наоѓаат еден Авганистанец и осум турски државјани. Според медиумите, Турците се инженери од градежна компанија.

Хеликоптерот полетал од градот Хост, кој се наоѓа во близина на пакистанската граница, каде турската компанија е ангажирана на градежни проекти.

Локални племенски лидери се обидуваат да ги убедат бунтовниците да ги ослободат заложниците.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан