Властите од Бахамските острови соопштија дека во недела, во тек на слетување на островот Големи Бахами се урнал мал авион, при што загинале сите девет патници и членови на екипажот.
Во соопштението на Министерството за транспорт и авијација се наведува дека авионот „Лир 36 Егзекјутив Џет“ полетал од престолнината Насау, а се урнал околу 17 часот по локално време, при обид да слета на меѓународниот аеродром Гран Бахама, пренесе „Асошиејтед прес“.
Причината за несреќата на леталото кое што целосно е уништено се уште не е позната.
Е. Г.