Најмалку деветмина се повредени во нова експлозија што денеска се случи во скалдиште за муниција во Сибир за време на акција за чистење, во воената база во дистриктот Краснојарск.
Инцидентот се случи откако пред четири дена поради експлозија во военото депо во Ачинск беа евакуирани илјадници луѓе, едно лице загина, а 13 се повредени.
Причина за експлозија во Ачинск, според Централниот воен округ, бил гром кој погоди артилериска граната.