Деветгодишно девојче обвинето за пиратерија

Од:

Деветгодишно девојче од Финска е обвинето за илегално симнување на музика и таткото мораше да и плати 300 евра парична казна на финската анти-пиратска група TTVK.

Таткото на девојчето одби да плати 600 евра, како што првично беше договорено, по што полицијата го конфискувала лаптоп на неговата ќерка.

Од анти-пиратската група наведоа дека мерката е во рамките на финскиот закон.

Девојчето го пребарувала torrent сајтот “Пајрат Беј” (The Pirate Bay), барајќи го албумот на финската поп пејачка Чису. Нејзиниот татко тврди дека не успеале да го симнат и дека следниот ден го купиле во продавница. Тој исто така рече дека ова што се случило, “е на врв на апсурдноста.”

– Ова е ситуација за едуцирање и информирање, а не за тужба – рече тој.

И пеачката Чису се огласи, наведувајќи во соопштението дека фановите може да ги слушаат нејзините песни бесплатно на дигиталниот музички сервис Спотифај (Spotify).
“Се надевам дека случајот наскоро ќе биде разрешен. Жал ми е за моите деветгодишни девојчиња “, рече таа.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска