Девет лица загинаа, а 30 беа ранети вчера во судар меѓу два автобуси во североисточниот дел на Мексико, соопштија мексиканските власти.
Несреќата се случила на автопатот во сојузната држава Тамаулипас.
Возачот на едниот автобус ја загубил контролата врз возилото и преминал во лентата од спротивниот правец, при што удрил директно до другиот автобус.
Во тек е истрага за причините за несреќата.