Девет лица убиени во судири во Мексико

Од:

Деветмина цивили загинаа во две престрелки меѓу безбедносните сили и вооружени граѓани во мексиканската држава Мичоакан, соопштија локалните власти.

Како што пренесува БТА, едниот судар избил кога безбедносните сили се обиделе да воспостават контрола над управната зграда во градот Апацианган, која неколку дена беше окупирана од граѓани, чии барања и идентитет не беа познати.

Во операцијата загина еден цивил, а двајца полицајци се повредени. Приведени се 44 лица со 13 парчиња огнено оружје и конфискувани се 23 возила.

Вториот судар избувна кога вооружени лица нападнале војници кои ги транспортирале конфискуваните возила кон специјализиран паркинг. Осммина цивили загинаа, а двајца биле повредени.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД