Актуелниот чешки претседател Милош Земан и уште осум лица се кандидираа на претседателските избори што се закажани на 12 и 13 јануари.
Уште 11 лица поднеле кандидатури, но тие им се одбиени поради разни недостатоци.
Од поистакнатите кандидати, Земан ќе се соочи со поранешниот премиер Мирек Тополанек и поранешниот претседател на Чешката академија Јиржи Драгош.
Анкетите покажуваат дека Земан има солидни шанси да биде реизбран.