Не беше планирано да трае толку долго, но Mars rover Opportunity на денешен ден полни девет години на Црвената планета.
Роверот помина околу 35 километри, повеќето од нив со темпо на полжав од еден кратер до друг, запирајќи со месеци за време на суровите марсовски зими.
Возилото на 6 тркала креирано да издржи 2,5 милиони стартувања на моторот издржа 70 милиони и сеуште работи.
„Роверот сеуште е во одлична состојба особено ако се земе во предвид се низ што помина“ вели Џон Калас од НАСА. Површината на Марс е доста лоша, има температурни флуктуации од 100 степени секој ден, за техниката тоа може да биде фатално.
Што може да се направи со еден стар ровер на една далечна планета? Продолжува да се користи. Во првите недели кога Opportunity пристигна на Марс, НАСА објави дека роверот пронашол хемиски доказ дека некогаш на црвената планета имало вода на површината.
Роверот останува на служба да ја истражува црвената планета, колку ќе издржи останува времето да покаже.