Десет лица загинаа, меѓу кои две деца, во сообраќајна несреќа на два автомобила и мотор на југозападниот мексикански брег, во близина на туристичкото место Акапулко , соопшти Агенцијата за цивилна заштита во Мексико.
Агенцијата нема информации дали меѓу жртвите има странски државјани. Во несреќата има и двајца повредени.