Десет лица загинаа, а двајца се повредени во судир меѓу две вооружени групи во југозападната мексиканска држава Гереро, соопшти денеска мексиканската Влада.
Како што е наведено во соопштението, конфликтот се случил вчера околу 15 часот по локално време во близина на населбата Чилапа, во главниот град Чилпансинго.
Медиумите објавија дека телата се пронајдени во две возила оштетени од пукањето, а на местото на настанот се најдени и неколку парчиња оружје.
– Двете групи се претставувале како полициски, но не е јасно зошто тие се судриле, се наведува во соопштението.
Државата Гереро, во која се наоѓа популарното одморалиште Акапулко, долго време е место каде се случуваат најлошите насилства во Мексико.