Десетмина загинати при експлозија во рудник во Кина

Од:

Десет лица загинаа денеска при експлозија во рудник за јаглен во градот Џиси во североисточната кинеска провинција Хеилонгџијанг.

Причините за експлозијата засега не се познати. Кинеските медиуми не објавуваат повеќе детали за случајот, нагласувајќи само дека властите започнале истрага за несреќата.

Кинеските рудници важат за најнебезбедни во светот и покрај напорите на властите за зголемување на мерките за безбедност при работа.

Според официјалните податоци, во Кина во 2013 година имало 604 рударски несреќи, при што загинале 1.067 рудари. Бројот на несреќите лани е намелен за 23 проценти во однос на 2012 година, што според властите, е резулатат на нивните заложби за зајакнување на безбедносните мерки.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција