Десетина семејства на француски џихадисти го тужат министерот Жан Ив Ле Дриан

Од:

Десетина семејства на џихадисти, составени од француски жени и деца кои се чуваат во курдските логори во Сирија, поднесоа тужба против министерот за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан за „не давање помош“ со одбивањето да ги врати во Франција, пренесува дописникот на МИА.

Овие тужби биле поднесени во јули и септември пред Судот на правдата на Републиката – единственото тело овластено да суди за дела извршени од членовите на владата за неизвршување на нивните должности – од страна на адвокатите Мари Досе, Анри Леклерк и Жерар Чолакијан. Подносителите му забележуваат на шефот на француската дипломатија дека одбива, на „пресметан и намерен“ начин да ги врати овие жени и деца на француски џихадисти што се наоѓаат во курдските логори во Сирија, каде тие се во опасност.

-Од пред повеќе месеци Курдите ги повикуваат државите да ја преземат одговорноста и да ги вратат своите државјани, велат семејствата во нивните жалби.

Досега, француската влада се согласи да ги врати децата од овие кампови само „случај по случај“. По неколкумесечното одложување во контекст на силното противење на јавноста, Париз на 10 јуни, врати 12 деца, од кои повеќето биле сирачиња, по пет репатријации во март.

–Оваа политика„ случај по случај “има за цел да остави повеќе од двесте деца и нивните мајки изложени на нечовечко и понижувачко постапување и ризик од непосредна смрт“, се жалат подносителите на жалбата. Екстремни температури и во лето и во зима, недостаток на вода и храна, епидемии на туберкулоза или колера, недостаток на грижа … Тие ги опишуваат состојбите кои се влошуваат во овие кампови, каде постои и растечка „клима на несигурност“.

–Политички избор е да не се спасат овие деца и овие произволно притворени мајки, вели адвокатот Досе, тврдејќи дека 12-годишно француско дете починало минатата недела во логорот Ал-Хол.

–Во еден момент, мора да се се преземи криминалната одговорност за овој политички избор, рече таа.

Комисијата за жалби на Судот сега мора да донесе одлука за прифатливоста на жалбите. Адвокатот на Жан Ив Ле Дријан, Жан Пјер Мињард, не беше веднаш достапен во понеделникот наутро да ги коментира овие информации.

За една година се поднесени повеќе тужби во обид да се вратат семејствата на џихадистите во Франција. На почетокот на годината, француските власти подготвија план за глобално репатријација на џихадистите и нивните семејства, кој сепак не беше имплементиран, се наведува во документите откриени од дневниот весник „Либерасион“.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано