Над стотина цивили и неколку војници загинаа во судири меѓу нигериската армија и исламистичката група Боко Харам, соопшти воен извор во северниот нигериски град Кано.
Вчера армијата се обиде да си го врати градот Гвоза во северноисточната држава Борно, која беше во рацете на Боко Харам повеќе од една недела, соопшти воен извор, кој побарал анонимност. Но нападот на војниците не успеал.
Поради огромниот број на бунтовниците и нивното тешко вооружување нигериската пешадија побарала воздушна поддршка од воено-воздухопловните сили, но и тоа не помогнало, додаде изворот.
Десетици цивили и многу војници и бунтовници се убиени, според армиски претставник.