Саудиски борбени авиони нападнле пазар во јеменскиот град Таиз, убивајќи најмалку 20 лица и неколку десетици повредени, соопшти телевизијата Ал Џезира.
Цел на нападот бил пазар во дел од градот под контрола на шиитските Хути, кои со помош на Иран се борат за превласт над јемен против сунитската влада помогната од Саудиска Арабија.
Според Ал Џезира, меѓу убиените имало најмалку 10 герилци, додека другите жртви се цивили. Очевидци на настанот опишуваат застрашувачки сцени и повредени деца по воздушниот напад, а фотографии за кои се тврди дека се од Таиз беа објавени и на социјалните мрежи.