Десетици напади на Израелските одбранбени сили во Газа

Од:

Десетици израелски воздушни напади беа пријавени во текот на ноќта во близина на Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, во градот Газа на север и во областа Деир ал-Балах во централниот појас, при што загинаа најмалку три лица, според извештаите на палестинските медиуми.

Немаше веднаш потврда или коментар за нападите од Израелските одбранбени сили (ИДФ), кои вчера започнаа проширена офанзива против палестинската милитантна група Хамас во Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

Како што објави Ал Џезира, израелските сили започнаа околу 30 воздушни напади врз неколку делови од градот во јужниот дел на Појасот Газа, а бомбардирана беше и фармацевтската лабораторија на медицинскиот комплекс Насер во Кан Јунис, додека телата на Палестинците убиени во други напади беа донесени во болницата.

Би можело да ве интересира

Секој ден нови жртви во Газа: 70.669 луѓе се убиени од почетокот на војната

Барнеа: Иран продолжува да развива нуклеарно оружје и планира да го употреби

Хамас: Висок службеник за внатрешна безбедност е убиен во централна Газа

Хамас: Вооружениот отпор е легитимно право, подготвени сме за техничка администрација во Газа

Военото крило на Хамас се заканува дека ќе му одговори на Израел за убиството на нивниот заменик-командант

Убиен е врховен командант на Хамас

Горан Наумовски