Нетанјаху: Израел продолжува да го напаѓа Иран „со полна сила“

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел продолжува да го напаѓа Иран „со полна сила“ и ја потврди претходната изјава на израелските претставници дека командантот на морнарицата на Иранската револуционерна гарда, Алиреза Тангсири, е убиен.

Во кратка видео порака, Нетанјаху рече дека Тангсири е одговорен за затворањето на Ормутскиот теснец, објави „Тајмс оф Израел“.

– Продолжуваме да ги напаѓаме со полна сила целите на иранскиот терористички режим… Синоќа го елиминиравме командантот на морнарицата на Исламската револуционерна гарда. Ова лице има многу крв на рацете, а исто така беше одговорно и за затворањето на Ормутскиот теснец, рече Нетанјаху.

Убиството на Тангсири го нарече уште еден пример за соработка меѓу Израел и САД во постигнувањето на „заеднички воени цели“.

Претходно, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Алиреза Тангсири е убиен во израелски напад.

„Израелските одбранбени сили (ИДФ) го елиминираа командантот на морнарицата на ИРГК, лицето директно одговорно за терористичката операција на поставување мини и блокирање на Ормутскиот теснец за поморски сообраќај“, рече Кац, според Танјуг.

Според израелски официјални лица, Тангсири бил цел на нападот во иранскиот пристанишен град Бандар Абас додека се сретнал со високи команданти на морнарицата на ИРГК.

Би можело да ве интересира

Иран ја повика Франција да ги почитува човековите права за време на ученичките протести и осуди прекумерна употреба на сила

Предраг Петровиќ

Пилоти се истепале во авион за Тел Авив: Израелците мислеле дека е киднапирање, кренале ловци

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок