Десетици мигранти скокнале од спасувачки брод и се обиделе да пливаат до Палермо

Од:

Околу 70 мигранти денеска скокнале во морето од шпанскиот спасувачки брод „Раширени раце“, во обид да допливаат до блиското италијанско пристаниште Палермо.

Мигрантите кои скокнале во морето се дел од група од околу 270 мигранти кои ги пронашла италијанската крајбрежна стража и полицијата.

Мигрантите биле поделени во три спасувачки бродa меѓу 8 и 10 септември, а екипажот сè уште чека инструкции каде би можеле да бидат распоредени.

Италијанската крајбрежна стража префрлила две трудници и сопругот на една од нив на копното со цел да им обезбеди медицинска заштита.

За време на пандемијата на коронавирусот, италијанските власти забранија спасувачките бродови да застануваат во италијанските пристаништа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Приведени двајца криумчари на мигранти

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски