Десетици илјадници луѓе во јужен Авганистан беа принудени да ги напуштат своите домови по неколкудневни интензивни борби меѓу талибанците и авганистанската армија и полиција, соопштија официјални лица.
Насилството продолжува и покрај мировните разговори.
Талибанците во неделата вечерта извршија напад врз градот Лашкар Гах во провинцијата Хелманд, принудувајќи ги САД да започнат воздушни напади за поддршка на авганистанските сили.
Поради интензивните борби, локалното население бега со мотоцикли, такси и автобуси.
– Повеќе од 5.100 семејства или 30.000 луѓе … побегнаа од борбите досега, рече Мохамед Рамин, директор на одделот за бегалци во Хелманд.
Борбите денеска продолжија во најмалку четири области. Војската одби неколку напади на талибанците.
Девет лица загинаа во судир меѓу два хеликоптери утрово. Министерството за одбрана го истражува инцидентот.
Талибанците започнаа разговори со авганистанската влада во Доха минатиот месец, но засега двете страни не можат да се договорат за основната рамка за разговори.
Договор со талибанците беше постигнат во Катар на 29 февруари. САД ветија дека ќе се повлечат до средината на 2021 година во замена за ветувањето од талибанското движење дека нема да дозволат државата да биде користена од екстремистите.