Десетици дилери на кокаин уапсени во голема полициска акција во шест земји

Од:

Повеќе од илјада полицајци во шест држави, со поддршка од Европол, денеска уапсија 45 лица во најголемата операција против кријумчарите на дрога од Бразил во Европа.

– Полицајците денеска упаднаа во 180 куќи, а уапсени се 45 лица, со што е прекинат синџирот за криумчарење, што на мафијашката група му донесе профит од 100 милиони евра во првите шест месеци со внесување на 45 тони кокаин, се наведува во соопштението на Европол.

Операцијата беше спроведена во Португалија, Белгија и Бразил, а имаше помош и од полицијата на Шпанија, Холандија, Романија и на Обединети Арапски Емирати.

Во Бразил се уапсени 38 луѓе, во Белгија четворица, во Дубаи двајца и еден е уапсен во Шпанија. Запленети се 12 милиони евра во Португалија, 200.000 евра и еден милион бразилски реали (157.000 евра) како и 169.000 американски долари во Белгија.

Исто така запленети се 70 луксузни возила во Бразил, Белгија и Шпанија, како и 37 приватни авиони, 163 куќи во Бразил, две куќи во Шпанија вредни четири милиони евра и два апартмани во Португалија во вредност од 2,5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Со кражба на идентитет испрале десет милиони евра од кокаин

Исчезнаа тајните документи од Европол: „Ова е сериозен инцидент“

Запленета пратка од 1,7 тони кокаин вреден над 50 милиони долари

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Низ светот местеле натпревари и мамеле обложувалници, Европол уапси 53 осомничени