Десет работи кои не сте ги знаеле за Хитлер

Од:

Индекс – Загреб

Приказната за деформираниот полов орган на Адолф Хитлер повторно го разбуди интересот за пикантерии од неговиот живот, а ние малку баравме на интернет за да најдеме интересни детали за најомразениот човек во историјата.

Ова е топ 10, а меѓу нив нема ниту една за еден тестис, сексуални перверзии, инцест или љубов кон Вагнер и сликарството. Се потрудивме да најдеме некои не толку познати.

1. Ја модернизирал политичката кампања во Германија

Иако турнеите на политичарите во денешно време се вообичаена појава тоа дефинитивно не било случај во 30-те години во 20 век. Посебно не во Германија, која останала изненадена од револуционерната кампања каква што земјата пред тоа никогаш не видела.

Имено, Јозеф Гебелс исклучително вешто и промислено организирал илјадници митинзи, паради, се лепеле плакати, а милиони примероци на нацистичкиот весник завршиле во рацете на несреќните Германци кои се нашле затекнати од Големата депресија.

Хитлер ја пропатувал земјата, одржал многу големи говори, се појавувал на состаноци, се ракувал со луѓето, потпишувал автограми, се фотографирал со луѓето и дури ги бакнувал бебињата.

Секако, покрај сето тоа оделе и лажни и нејасни ветувања на народот кои неговите говори едноставно ги голтале. Посебно затоа што биле прилагодени на „простиот народ‟ и преполни со едноставни пароли кои постојано ги повторувал.

Резултатот им е познат на сите. Иако не победиле на изборите, Нацистичката партија од најмала партија се претворила во втора најсилна партија во земјата.

2. Американците се ОК

Хитлер наспроти се бил голем љубител на американската култура. Имено, освен што бил голем фан на Дизниевите цртани филмови, посебно на „Снежана‟, го обожувал и култниот класик „Кинг Конг‟, а бил воодушевен најмногу од техничките достигнувања.

Но, покрај сето тоа го сакал и американскиот фудбал и каубојците (многу го сакал Карл Мај), а имал и фотографија од Хенри Форд кој го сметал и јавно го нарекувал „инспирација‟.

3. Трошел неконтролирано

Иако ова никој посебно нема да го изненади, Хитлер тешко се контролирал и не бил „човек од народот‟.

Имено, според некои записи, Фирерот трошел многу пари и фрлал неверојатна количина на пари на луксузни автомобили, облека и врвни пијалоци и храна.

4. Миротворец и „човек на годината‟

И додека тој ги сакал Американците, ни американските медиуми не заостанувале премногу во јавното истакнување на симпатии, па познатото американско списание Time во 1938 година Адолф Хитлер го прогласил за „човек на годината‟.

Секако, Хитлер во тоа време не бил тоа што станал само по неколку години, но многумина и денес сметаат дека ова и понатаму е една од најконтроверзните насловни страни. Уредништвото на Time ја објасниле својата одлука: „Хитлер во 1938 година станал најголема закана со која се соочил до тогаш демократскиот и слободниот свет‟.

Уште една интересна работа се случила недолго пред почетокот на Втората светска војна. Членот на шведскиот парламент Ерик Брандт, инаку социјал демократ, го предложил Адолф Хитлер за Нобелова награда за мир. Тоа предизвикало бран на протести кај шведските комунисти, либерали и антифашисти, кои Брандт го нарекле лудак и предавник.

Недолго потоа Брандт објаснил дека предлогот бил иронична реакција на номинацијата на британскиот премиер Невил Чемберлејн, кој бил номиниран за наградата поради тоа што „со своите постапки светот го спасил од грозна катастрофа и го зачувал мирот‟.

5. Во младоста бил смртно вљубен во „Еврејка‟

Во времето кога бил само несигурен средношколец во Линц, 16 годишниот Хитлер страшно се вљубил во Еврејката Стефани Исак, но никогаш не собрал доволно храброст да и се доближи.

Неговата љубовна приказна во своите мемоари по многу години подоцна ја открил неговиот училишен колега Аугуст Кубизек, кој напишал дека Хитлер бил смртно вљубен во Стефани, но дека никогаш не успеал да ги оствари своите намери. Иако само меѓусебно се погледнувале, Хитлер бил „подготвен да го уништи и светот и себе‟ во моменти кога не му возвраќала на погледите.

Иако сите историчари не се согласуваат со овие наводи, се верува дека на Хитлер не му пречело нејзиното еврејско презиме. Сепак, Стефани не била Еврејка, а британскиот историчар Паул Роланд во својата книга „Nazi Women‟ напишал дека на Хитлер ни најмалку не би му пречело дали Стефани била Еврејка или не.

6. Имал интересен внук

Вилиам Патрик Хитлер бил син на братот на Хитлер, Алоис и неговата прва сопруга Бриџет Даулинг, а роден е во Ливерпул. Во 1933 година се вратил во Германија на кусо време во надеж дека ќе извлече некоја корист од тогаш се помоќниот чичко.

Откако чичко му му средил работи кои не му одговарале, Вилијам почнал да го уценува Хитлер, но тоа предизвикало параноја па ја напуштил Германија плашејќи се од одмазда. Се преселил во САД и подоцна се придружил во морнарицата, па за кратко време отишол во војна против војската која ја водел неговиот чичко. Сепак, не се работи за посебно херојска приказна туку за интересен детал.

7. Покренал прва успешна кампања против пушењето

Токму германските доктори први откриле дека постои поврзаност меѓу пушењето и ракот на белите дробови, а тоа покренало и прва јавна кампања против пушењето во поновата историја. Хитлер во младоста бил страсен пушач, а како многу други поранешни пушачи, по прекинувањето станал вистински нацист. Им замерувал на сите пушачи околу себе, вклучувајќи ги и Ева Браун и Херман Геринг.

Национал-социјалистите забраниле пушење во јавниот превоз и поттикнувале здрав живот со одржување на предавања (посебно за опасностите за бремените жени) и го ограничувале рекламирањето на тутунските производи. Кампањата се покажала успешна, посебно во периодот од 1939 до 1945 година.

8. Бил вегетаријанец и ги сакал животните

Иако различни документи донесуваат различни приказни, сигурно е дека Адолф Хитлер пред крајот на животот целосно станал вегетаријанец. Некои тврдат дека тоа го направил претходно, а други после војната, додека трети тврдат дека се работело за психолошка реакција на смртта на внуката (со која имал прилично болен однос).

Покрај сето тоа, жестоко се противел на ловот, насилството над животните и верувал во правата на животните. Од друга страна, на снимки пред војната често бил виден како јаде месо, а нацистите не се познати по доследноста па за време на нивната власт била укината моќната организација „Пријатели на природата‟ која имала над 100.000 членови, но и симпатиите кон марксизмот кој спаѓал во „илегална политичка идеологија‟.

И токму како многу загрижени љубители на животните, ни Хитлер немал големи симпатии за човечкиот род, за што многу јасно давал до знаење.

9. Никогаш не посетил ниту еден концентрационен логор

„Давал до знаење‟ е прилично силен избор на зборови, бидејќи Хитлер имено никогаш отворено не зборувал за своите планови да ги уништи Евреите. Дури, за време на Втората светска војна никогаш не посетил концентрационен логор.

Неговиот антисемитизам не бил во прашање и од самиот почеток на својата политичка кариера јасно давал до знаење дека Евреите мора да се „тргнат‟, а кога станал диктатор тоа го започнал во 1941 година и тоа се претворило во „истребување‟.

Но, „Конечното решение‟ било валкана работа со која не сакал да се занимава (иако историчарите тврдат дека без сомневање тоа е негово дело), а дури и со своите најблиски соработници за тоа зборувал исклучително нејасно и никогаш како Химлер кој по тоа прашање бил експлицитен. Она за кое исто така ретко се зборува е неволноста на САД да ги прифати еврејските бегалци од Германија. Дури, во 1939 година бегалците кои се наоѓале на патничкиот брод MS St. Louis за малку ќе пристигнеле во Мајами, но поради ксенофобијата тие биле вратени во Европа.

Од 908 патници, 254 од нив го изгубиле животот во холокаустот. Тоа продолжило и во 1940 година, кога Стејт Департментот го намалил дозволениот број на мигранти за 75 отсто и ставил крај на планот 20.000 еврејски деца од Германија да најдат засолниште во Америка.

Накусо, ова за многумина била „незгодна тема‟, а на Рузвелт од 60-тите години па натаму најмногу му било замерувано токму поради овие потези.

10. Имал болен однос кон чоколадите

Иако приказната за тоа дека Хитлер дневно јадел и по килограм чоколада, најблаго кажано е сомнителна и можете да ја најдете веднаш покрај таа за „проектот Боргхилд‟ (наци кукла за секс), сепак постои интересна епизода за Хитлер и чоколадите.

Имено, неговите тајни агенти имале намера да извршат атентат на Винстон Черчил со помош на „експлозивни бонбони‟ (експлозив премачкан со тенок слој на црно чоколадо) кој откако Черчил би ги одвиткал тие би експлодирале и предизвикале чоколаден хаос.

Но, британските шпиони го откриле нацистичкиот план, а еден од најискусните шпиони на MI5 Лорд Виктор Ротшилд, сето ова го открил на време и ги предупредил останатите за чоколадната закана.

Би можело да ве интересира

Во Франција уапсен млад следбеник на Хитлер, кој планирал масовно убиство во неговото средно училиште и џамија

A1on

Германски полицајци суспендирани откако се зачлениле во онлајн клуб на обожаватели на Хитлер

Жарко Настоски

Реконструкција и пренамена на куќата на Хитлер

Ана Ололовска

Либанец откупи нацистички предмети за 600.000 евра

Ана Ололовска

Родната куќа на Хитлер станува полициска станица

Ана Ололовска

ФБИ ги истражувало наводите за бегство на Хитлер во Аргентина

Ана Ололовска