Десет милиони Французи погодени од кризата со станбениот простор

Од:

Најновиот, осумнаесетти по ред извештај на Фондацијата „Абе Пјер“ за ситуацијата со станбените услови во Франција, покажува дека околу 10 милиони Французи живеат во лоши станбени услови, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Ова е прв извештај на Фондацијата откако Франсоа Оланд беше избран за претседател на Франција и кој вети 500.000 нови станови годишно, од кои 150.000 се социјални станови.

Фондацијата „Абе Пјер“, регистрирала 685.142 лица кои немаат место за живеење, од кои 133.000 се без дом, 18.142 се сместени во социјална резиденции, 38.000 живеат во хотелски соби, 85.000 во привремено изградени станови и 411.000 живеат кај трети лица.

Исто времено, околу 2,7 милиони Французи живеат во станбени услови кои се оценети како „многу тешки“ без удобност и пренаселени.

Вкупно 3,6 милиони лица се лошо сместени, на што им се додаваат 5 милиони лица кои се наоѓаат во тешка-ранлива ситуација во однос на станбеното прашање, односно живеат во стан кој е или пренаселен или пак се соочуваат со тешкотии за плаќање на станарината.

Според извештајот 1,179 милиони домаќинства чекаат социјални станови, 3,8 милиони се наоѓаат во тешка енергетска ситуација, а 1,3 милиони имаат потешкотии за плаќање на станбениот простор. На 565.000 сопственици на станови или куќи и на 91.000 семејства им се заканува протерување од нивниот дом.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз