Десет лица загинаа во напад на талибанците во Авганистан

Од:

Најмалку десет лица загинаа кога талибанските бунтовници упаднаа денеска во зграда на судот во авганистанскиот град Газни и се судрија со полицијата, соопшти авганистанската полиција.

– Сите петмина напаѓачи настрадаа, како и четири цивили и еден полицаец, изјави шефот на полицијата во тој град, Аминулах Амархил.

Тој додаде дека нападот почнал кога еден бомбаш се кренал во воздух пред капијата на судот, што им овозможило на четворицата напаѓачи да влезат во судот, по што дошло до судир со полицијата, кој траел најмалку еден час.

Во нападот е оштетена зградата на судот во Газни, кој се наоѓа 150 километри од југозападно од Кабул.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан