Десет британски џихадисти на листа за „острел“ со дронови

Од:

Десетмина британски муслимани-џихадисти, кои се во редовите на милитантната сунитска група  Исламска држава (ИД), се наоѓаат на листата за „отстрел“ со дронови на военото воздухопловство, пишуваат лондонските медиуми.

Сознанијата за постоењето на таква листа, од која петмина се означени како „примарни цели“ за напад, доаѓа по признанието на Владата во Лондон дека беспилотни летала на британското Кралско воено воздухопловство (РАФ) пред околу три недели убиле двајца Британци од муслиманската заедница – едниот роден во Кардиф во Велс, а другиот во шкотскиот град Абердин.

Двајцата се ликвидирани во реонот на сирискиот град Рака што е под контрола на ИД, откако британското разузнавање открило дека се дел од заговпрот за ивршување терористички напади на британска територија.

„Тајмс“ открива дека во тие напади е убиен и еден белгиски муслиман- џихадист кој во моментот на нападот на британскиот дрон, бил заедно со едниот од Британците, 21-годишниот Рајад Кан.

Првото убиство на двајца британски државјани со дрон на РАФ, меѓутоа предизвика поделени реакции во домашната јавност.

Разни групи за заштита на човековите права, повеќето од британската муслианска заедница, го осудија убиството и побраа посебна истрага за правната основа врз која е донесена одлуката да се убиваат Британци на овој начин.

Тие не веруваат во разузнавачките податоци и во разузнувачките сознанија, тврдејќи дека овој случај наликува на „создавањето докази“  како во случајот со ирачката војна.

Истрага побараа и опозициските лабуристи, како и Шкотската национална партија (СНП) кои заговараат и дебата во Парламентот.

Даунинг стрит 10, засега, одбива да открие кој го дал и каков е правниот аргумент со кој се оправдува операцијата за отстрел на џихадистите-Британци, кои се означуваат како закана за британската безбедност.

Рајад Кан, како и другиот британски џихадист, Рахук Амин, биле на таквата листа, која била подготвувана повеќе месеци со помош на домашното разузнавање и контраразузнавање, како и главниот британски центар за надгледување на информациите.

Проториевските весници ја бранат Владата и сметаат дека операцијата која е извршена и следните кои се навестуваат се оправдани „воено и морално“. Некои од нив, како „Дејли Меил“ сепак предупредуваат на можноста во таквите операции да настрадаат и цивили или одмзадата да предизвика контраодмазда.

Колумнист на пролабуристичкиот „Гардијан“ пак смета дека истрага не е потребна, затоа што вината на убиениот Кан е неговото предавство кон државата во која е роден.

– Смртната пресуда за него е извршена со далечински управувач, вели авторот на колумната, порачувајќи дека интервенцијата на либералните кругови да се спречи британско учество во воздушно бомбардирање на позициите на ИД, не го одвратиле Кан и таквите како него, од предавството на татковината.

Британскиот министер за одбрана, Мајкл Фалин вчера порача дека Лондон нема да се колеба за да изврши нови напади со дронови врз ИД, за да се убијат џихадистите кои се терористичка закана.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца