Дерек Мичел е првиот американски амбасадор во Мјанмар по 22 години

Од:

Сенатот на САД го потврди назначувањето на првиот американски амбасадор во Мјанмар по 22 години.

Од август Дерек Мичел е именуван за специјален претставник на американскиот претседател Барак Обама за Мјанмар, со цел да ги поттикне демократските реформи во земјата.

Лидерот на републиканците во Сенатот Мич О’Конол го поздрави именувањето на Мичел, кое се случи вчера со јавно гласање, истакнувајќи дека неговиот обид ќе биде корисен за регионот. Мичел претходно бил експерт во Пентагон за азиско-тихоокеанскитепрашања.

Зголемувањето на нивото на дипломатски односи е дел од напорите на САД да ја извлечат оваа земја од меѓународна изолација по 50 години авторитарен воен режим. Мјанмар исто така ќе испрати свој амбасадор во Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел