Депресија, напади на паника и љубовни проблеми причини за трагедијата на Џерман Вингс

Од:

Копилотот кој што намерно го урна авионот во кој загинаа 150 луѓе криел од своите шефови дека примал медицински третмани, а пред трагедијата најверојатно имал проблеми во врската со својата девојка.

Копилотот Андреас Лубиц ги криел медицинските белешки дека има психички проблеми вклучувајќи ја докторската белешка со која што на денот на инцидентот не требал да оди на работа, објави денеска канцеларијата на германското јавно обвинителство.

Во Германија белешки за оправдано одсуство се издаваат и за лесни заболувања, но обвинителството не открива со какви проблеми се соочувал Лубиц, јави дописникот на МИА од Берлин.

Доказите за тоа се пронајдени во двата дома на Лубиц во Дизелдорф и Монтбаур каде што живеат неговите родители.

Портпаролот на обвинителството Ралф Херенсбурк изјави дека медицинските белешки индицираат постоење на болест и соодветен медицниски третман но дека не била најдена порака со најава или потврда за самоубиствени намери. Според обвинителството нема индикации за политички или религиозни мотиви во актот на Лубиц. Компанијата Џерман Вингс одбила да ги коментира наодите на обвинителството.

Германскиот весник Билд денеска цитираше полициски и авијациски извори според кои Лубиц добивал оценки дека не е „соодветен за пилотирање“ од неговите инструктори во Аризона во 2009 кога ја прекинал обуката за пилотска лиценца.

Според Билд, Лубиц минал 18 месеци во кои добивал психијатриски третман, а добил и дијагноза за „епизода на тешка депресија“ во која лекарите се сомневале на проблеми со неговата девојка. Засега германските медиуми не го откриваат името на девојката на Лубиц.

Висок претставник на Луфтхаза, во чии рамки функционира Џерман Вингс предходно изјави изјави дека Лубиц ги минал сите потребни тестови и проверки според кои неговите способности за пилотирање биле беспрекорни. И пријателите на Лубиц од детството ги отфрлија наводите на истрагата тврдејќи дека Лубиц бил голем ентузијаст за својата кариера и дека со него се било во ред.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И пукал во глава на бремената сопруга, потоа ранил уште тројца – хорор во Германија

ВИДЕО: Поплави во Германија, жители на баварски град евакуирани со хеликоптер

Од денеска Македонците полесно до работа во Германија

Хрватска: Мал авион ја промаши пистата на Хвар и удри во луѓе

ВИДЕО: Политичар и полицаец избодени со нож во Германија

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски