Денот на тудот, 1 мај во Чешка се прославува традиционално како и во претходните години, со паради и собири организирани од студентите, политичарите и екстремистите, јави дописникот на МИА од Прага.
На собирот на комунистите, во главниот чешки град присуствуваа неколку стотици пред се постари лица, но и десетици противници кои предупредуваа на злосторствата на комунистичкиот режим.
Според потпретседателот на КСЧМ (Комунистичката партија на Чешка и Моравија), Јиржи Долејш годинашниот Ден на работниците се разликува од претходните, бидејќи се случува во предвечерието на 70.годишнината од крајот на Втората светска војна, предупредувајќи на актуелната опасност од вооружени конфликти.
– Војната не е избегната и милитаризацијата на општеството е повторно тука, заедно со сите идеологии на омраза и ние мора да се одбраниме, рече Долејш.
Истовремено, тој опомена на улогата на НАТО, која според него, повеќе ја зголемува опасноста од војна, отколку што ја спречува.
Долејш оцени и дека општеството треба да се труди да обезбеди работа за секој човек за да може достоинствено да живее опоменувајќи дека Владата се уште не ги обезбедува сите услови.
Противниците на комунистичкиот режим, протестираа со знамиња на САД, НАТО и ЕУ и со транспарентни на кое беше знакот на еднаквост меѓу нацистите и комунистите.