Римокатоличката црква, протестантската и англиканската црква, како и некои православни цркви кои прифатија ново сметање на времето, го слават денеска Бадник, најавувајќи го утре Божиќ, раѓањето на Исус Христос.
Ноќта помеѓу Бадник и Божиќ, во католичките цркви се служи света миса на полноќ, затоа што се верува дека токму тогаш Божјата светлина доаѓа од темнината.
Делови од Евангелието се читаат за раѓањето на Спасителот и настанот во Витлеем што ја смени историјата на човештвото.
Се пеат црковни и стари народни песни, создавајќи атмосфера на радост.
Католичките верници доаѓаат на поклонение пред сцена на Рождеството на Исус, која традиционално е импровизирана во сите храмови.
Во куќите има венец, изработен од слама и борови гранки, украсени со виолетови панделки.
Традиционално, постите ги завршуваат со појавата на првата вечерна ѕвезда на небото, а потоа во храмовите во целиот свет започнува свечената рождествена литургија.
По свечената литургија, доаѓа ред на празничната вечера. Стар обичај е да се сервираат посни јадења. Многумина не јадат ништо до вечерата
Трпезата има религиозен карактер и е многу свечена. Пред да се продолжи со јадењето, се чита извадок од Евангелието на Лука за Рождеството Христово
Божик утре го слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.