Светскиот Интернет пребарувач Гугл логото на својата денешна страница ја означи со мостот на Дрина во Вишеград, во чест на нобеловецот Иво Андриќ, кој е роден токму на денешен ден во 1892 година во Доца, крај Травник.
Вишеградскиот мост е симбол на романот на Адриќ „Мостот на Дрина“, за кој во 1961 година тој ја доби Нобеловата награда за литература.
Андриќ по Првата светска војна се занимавал со дипломатија, ги извршувал работите на помошник министер за надворешни работи, амбасадор и ополномоштен министер во Берлин.
Во 1945 година Андриќ стана првиот претседател на Сојузот на книжевници на Југославија.
Покрај споменатиот роман Андриќ се памети и по делата. „Травничка хроника“, „Проклета авлија“, „Омер-паша Латас“, „Ех понто“, „Патот на Алија Џерзелез“, „Госпоѓица“…
Нобеловецот почина во 1975 година во Белград.