Демонстрантите во Хонг Конг кои една недела протестираат, барајќи поголема демократија на оваа самоуправна територија на тлото на Кина, прифатија разговори со локалните власти, иако актуелниот хонгконшки лидер Си Леунг одбива да поднесе оставка.
Раководството на протестите се согласи на разговори, но само со заменикот на Леунг. Засега не се знае кога ќе се одржат разговорите, ниту што од тоа ќе произлезе, затоа што демонстрантите, кои во најголем број се студенти, и натаму инсистираат на оставката на Леунг.
Протестите избувнаа откако властите во Пекинг се откажаа од порано даденото ветување за целосно слободни избори во Хонг Конг, во 2017 година, задржувајќи го за себе правото на вето за предложените кандидати за највисоките функционери на оваа територија.
Според понудениот план за изборни реформи, гласчите ке го имаат правото за слободни избори, но не ма да има слободно номинирање на кандидатите.
Тие претходно ќе мора да бидат прифатени и одобрени од специјален изборен комитет, за кого демонстрантите тврдат дека ќе биде диригуван од Пекинг.
Леунг и натаму тврди дека се обидува да му обезбеди на Хонг Конг избори, според системот еден човек, еден глас.
Лидерите на протестите,меѓутоа, инсистират дека тоа не е доволно, за да изборите бидат вистински фер и демократски, како што е предвидено со британско-кинеската спогодба, постигната откако Велика Британија во 1997 година и го врати Хонг Конг на НР Кина.
Според спогодбата и врз основа на кинеската формула-една држава, два система-Пекинг се обврза да ја почитува еконономската, социјалната и политичката посебност на Хонг Конг, ветувајќи од 2017 година слобдони избори и толерирајќи политички слободи кои не важат во НР Кина.
Официјален Пекин уште на полетокот од протестите соопшти дека нема разговори околу планот за изборни реформи и ги осуди демонстрациите како „нелегални“.
Кина го поддржува и лидерот на Хног Конг, Си Леунг и ги одобрува сите негови досегашни потези.
Улиците во центарот на Хонг Конг и денеска се блокирани, а протести има пред зградите на локалната админстрација,но бројот на демонстрантите е помал од претходните денови.
Прикинески демонстранти се обидуваат да ги отстранат блокадите на улиците, но полицијата настојува тие да не се сретнат со студентите кои бараат повеќе демократија, за да се избегнат меѓусебни судирања.