Демонстрантите во Хонг Конг ги гаѓаа полицијаците со стрели

Од:

Хонгконшката полиција денеска соопшти дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците кои патролирале во близина на Политехничкиот Универзитет, а потоа продолжиле и со фрлање саксии кога на местото на инцидентот пристигнале други полицајци.

Полицијата одговорила со солзавец, а демонстрантите потоа повторно нападнале со стрели, за подоцна да дојде и до трет напад со ваков тип оружје. Ниту еден од нападнатите полицајци не е повреден.

Полицијата наведува дека на местото на нападот пронашла шест стрели.

Студентите и другите демонстранти неделава се собраа во главниот универзитетски кампус во Хонг Конг, подготвувајќи се за одбрана во случај полицијата да се обиде да ги избрка оттаму.

Продемократските протести почнаа пред повеќе од пет месеци и сосема ги поделија жителите на Хонг Конг.

Овој град со 7,5 милиони жители веќе четврти ден по ред се наоѓа во сообраќаен колапс, со масовни прекини на транзитот, бидејќи демонстрантите блокираа некои од поголемите улици и железнички линии.

Илјадници лица и денеска не успеаја да дојдат до своите работни места, па владата апелираше до работодавачите да покажат поголема флексибилност.

Заради сообраќајниот хаос сите училишта во градот нема да имаат настава од петок до недела, соопшти надлежната служба за образование, која ги повика студентите да се откажат од натамошни насилства, пренесуваат британските медиуми.

Кинеските универзитети ја прекинаа наставата до крајот на годината, а другите побараа од студентите да се префрлат на онлајн учење.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше