Речиси илјада демонстранти кои бараат измена на регулативите за избор на лидер на Хонг Конг маршираа денеска до кабинетот на кинеската влада во тој град барајќи директни разговори со Пекинг за своите барања.
Демонстрантите меѓу кои најбројни се студентите, од 28 септември се на улици во Хонг Конг и блокираат три главни раскрсници во таа азиска финансиска престолнина.
Тие бараат слободни избори за првиот човек на Хонг Конг во 2017 година и бараат директни разговори со Пекинг бидејќи разговорите со локалните хонгконшки власти не дадоа никаков резултат.