Демонстранти во Мали ги опустошија просториите на партијата на претседателот

Од:

Демонстрантите во Мали опустошија објект кој и припаѓа на политичката партија на претседателот Ибрахим Бубакар Кеита, иако тој исполни едно од нивните главни барања и го распушти Уставниот суд.

Според очевидци, немирите се случиле вчера кога луѓето се враќале од погреби на лицата кои загинаа за време на политичките демонстрации во последните денови.

Според властите, 11 лица загинале во насилните демонстрации во петокот и саботата.

Само неколку часа пред инцидентот, претседателот на Мали, Кеита во телевизиско обраќање рече дека го распуштил Уставниот суд, како што бараше опозициското движење и изрази подготвеност да размисли за повторно организирање на спорните парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска