Продемократски демонстрант денеска е осуден на девет години затвор, што е прва пресуда според законот за национална безбедност во Хонгконг, со кој Пекинг ја зајакнува контролата над таа територија.
Тонг Линг-кит беше осуден за тероризам и поттикнување сецесија, бидејќи со мотор налета на припадници на полициските сили за време на протестите на 1 јули 2020 година.
Тој носеше знаме со слоганот „Да го ослободиме Хонгконг, револуцијата на нашето време“, кое е забрането како сецесионистичко.
Минатата година, владејачката Комунистичка партија на Кина воведе закон за национална безбедност на поранешната британска колонија, по антивладините протести кои избија кон средината на 2019 година.